сабота, 19 октомври 2024
„Росонерите“ се нови лидери во Серија А по херојскиот триумф

Жиру како голман му донесе победа на Милан па порача: Вакво нешто не сум доживеал, ќе го врамам дресот!

Милан синоќа со 0-1 славеше на гостувањето кај Џенова, а заслуга за трите бода има Оливие Жиру, кој последните минути ги одигра како голман и со фантастична интервенција спречи домаќините да изедначат.

Објавено на

часот

Сподели

Милан е нов лидер на табелата во Серија А откако славеше против Џенова со голот на Пулишиќ, но голема заслуга за трите бода има и Оливие Жиру.

Напаѓачот во финишот од мечот стави раквици и застана помеѓу стативите откако Мајк Мењан доби црвен картон. Среќата во прв момент го спаси Французинот, топката заврши во пречката, но Оливие Жиру потоа со фантастична интервенција спречи домаќините да изедначат.

„Вакво нешто не сум доживеал!“ – рече Оливие Жиру по крајот на натпреварот.

„Горд сум на овие момци, се боревме како лавови до последна секунда. Имав фантастична интервенција, малку ме послужи и среќата при пречката“.

Запрашан дали одбраната му дава ист адреналин како и кога ќе постигне гол, напаѓачот одговори: „Речиси, не бев сигурен што ќе направи противникот, па решив да истрчам, сметав дека тоа е подобро наместо да стојам на линијата. Немам движења на голман, но природно ми дојде таа реакција. Многу ме боли раката, но ништо страшно“.

„Како дете често бранев, па затоа сега застанав помеѓу стативите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ