По пауза од речиси еден месец, Жирона се радува на победа во Ла Лига, тимот на нашиот Бојан Миовски вечерва со 3-0 триумфираше против Ваљадолид.
Резултатот беше отворен по половина час игра со доста доза на среќа, Гутиерез биеше од слободен удар од 17 метри, го погоди својот соиграч Лопез, топката го смени правецот и заврши во мрежата.
Во 39. минута од мечот, Руиз со глава погоди за 2-0 и најави дека трите бода вечерва остануваат на „Монтиливи“.
Конечните 3-0 ги постави Данџума во 81. минута, за кого ова беше деби погодок во дресот на Жирона.
Нашиот Бојан Миовски поради повреда го прескокна и овој натпревар.