„За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција“, велат од Вардар.
Дуарте претходно настапувал за Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
Покрај во нападот, Дуарте е играч кој игра и во одбраната, па ќе биде корисен во двата правци.
Дуарте е трето потврдено засилување на Вардар за следната сезона, клубот претходно потпиша со средниот бек Божо Анѓелиќ и десниот бек Нејц Цехте. Тоа значи дека е обновена целата бековска линија.