сабота, 19 октомври 2024

ЖФК Љуботен се засили со фудбалерка која играла на Олимписки игри и Светско првенство

Тимот на ЖФК Љуботен го доведе најголемото засилување во историјата на женскиот фудбал во Македонија, се засили со Колумбијката Ингрид Видал која пристигнува на позајмица од Америка Де Кали која е една од најдобрите три екипи во Колумбија.

Објавено на

часот

Сподели

Зад себе Видал има 54 репрезентативни натпревари и 11 голови, а со својата селекција играше на Светско првенство, Олимписки игри и Панамерикански игри.

33-годишната Колумбијка ќе биде најголемото кое досега заиграло во женскиот фудбал кај нас и се очекува да биде лидер во тимот на Љуботен. Покрај настапите во домашното првенство, Љуботен го чека и настап во квалификациите за Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ