петок, 26 јули 2024

Жестоки улични немири во Аргентина поради реформите на новиот претседател (ВИДЕО)

За време на маратонската расправа за законодавниот пакет на ултралибералната влада во аргентинскиот парламент, синдикалистите и социјалните активисти се судрија вчера со силите за безбедност во Буенос Аирес. Аргентинските медиуми пренесуваат дека демонстрантите ги тепале полицајците со стапови, а полицијата пукала со гумени куршуми и солзавец во толпата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во меѓувреме, втор ден по ред, парламентот расправа за сеопфатен пакет реформи на новиот претседател Хавиер Милеј. Пакетот вклучува пренос на дел од законодавната власт на владата на две години, овозможува приватизација на бројни државни компании и предвидува измени на даночниот и изборниот закон.

Економистот Милеј стапи на должност на средината на декември со план за радикална реконструкција на земјата која е во тешка економска ситуација. стапката на инфлација е над 200 отсто, а околу 40 отсто од луѓето во некогаш просперитетната земја живеат под границата на сиромаштијата.

Втората по големина економија во Јужна Америка има пренадуван државен апарат, ниска индустриска продуктивност и голема сива економија која државата ја лишува од клучните даночни приходи. Националната валута продолжува да ја губи вредноста во однос на американскиот долар, а долговите на земјата постојано растат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ