сабота, 27 јули 2024

Жестоки критики на адреса на Халанд: Наликува на фудбалер од четврта лига!

Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин упати жестоки критики на адреса на Ерлинг Халанд, вели дека напаѓачот е убиствен во шеснаесетникот, но неговата игра во целина е како на фудбалер од четвртата лига.

Објавено на

часот

Сподели

Ерлинг Халанд минатата година се промовираше како еден од најдобрите голгетери во Премиерлигата и собори многу рекорди.

Но напаѓачот синоќа се мачеше против Арсенал, врза три меча без гол во Премиерлигата, па доби доста критики.

Најжесток во нападите беше Рој Кин, кој има многу замерки за тоа како Ерлинг Халанд се однесува на теренот кога Манчестер Сити ја гради играта.

„Нивото на неговата игра во целина е многу ниско, и не само денеска. Да, тој пред противничкиот гол е најдобар во светот, но играта во целина му е многу лоша“ – вели легендата на Манчестер јунајтед.

„Мора да го подобри овој аспект, наликува на фудбалер од четврта лига. Неговата игра во целина мора да се подобри“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ