петок, 27 декември 2024

Жестоки борби во главниот град на Судан, се пука околу претседателската палата

Објавено на

часот

Сподели

Изгледа дека двете страни се заглавени во борба за контрола на територии во главниот град пред какви било преговори, иако лидерите на двете страни јавно покажуваат многу малку волја за разговор по повеќе од две недели борби. Жестоки бомбардирања имало и во соседните градови Омдурман и Бахра.

Во меѓувреме Обединетите нации вчера извршија притисок врз завојуваните страни во Судан да гарантираат безбеден премин на хуманитарната помош откако шест камиони биле ограбени, а воздушните напади во главниот град го поткопаа примирјето.

Координаторот на хуманитарната помош на ОН Мартин Грифитс кажа дека се надева дека ќе има состаноци лице во лице со суданските завојувани страни за два до три дена за од нив да добие гаранции за безбеден премин на конвоите за испорака на хуманитарна помош.

ОН предупреди дека борбите меѓу војската и РСФ, кои избија на 15 април, би можеле да доведат до хуманитарна катастрофа која може да се прошири и на други земји. Официјален Картум во вторникот соопшти дека досега во судирите загинале 550 луѓе, а 4.926 се ранети.

Околу 100 илјади луѓе избегале од Судан во соседните земји, соопшти ОН.

Војската и РСФ заедно ја урнаа владата во државниот удар во 2021 година, но сега меѓусебно се борат за власт, со што го сопреа процесот на транзиција кон демократија и се закануваат со дестабилизација на кревкиот регион.

РСФ ја обвини војската за кршење на примирјето и напад на неговите сили од зората. Ја обвини војската за „кукавички“ напад на станбени квартови со артилерија и авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ