петок, 26 јули 2024

Жесток украински напад на руски Белгород, 14 загинати (ВИДЕО)

Русија соопшти дека 14 лица, меѓу кои две деца се убиени, а 108 се повредени во „недискриминирачки“ украински напад во кој наводно биле вклучени и касетни бомби врз пограничниот град Белгород во саботата, и вети дека ќе возврати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Весникот Комерсант цитираше извор близок до Рускиот истражен комитет дека проектилите истрелани од повеќекратен ракетен фрлач во украинската област Харков погодиле лизгалиште во центарот, трговски центар, станбени згради и автомобили, пренесе Ројтерс.

Од Киев немаше официјален коментар, но украинскиот медиум РБЦ-Украина цитира извори кои велат дека Украинските сили нападнале воени цели во Белгород како одговор на масовното руско бомбардирање на украинските градови претходниот ден.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова за државната новинска агенција РИА изјави дека Русија побарала состанок на Советот за безбедност на ОН за да разговара за инцидентот.

Сирените за воздушен напад се огласија низ градот додека регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков ги повика жителите да се скријат во засолништа.

Регионот Белгород, кој се граничи со северна Украина, како и други руски погранични зони, цела година претрпува гранатирања и напади со беспилотни летала за кои властите ја обвинуваат Украина.

„Денес, режимот во Киев се обиде да изврши недискриминирачки комбиниран напад врз градот Белгород со две ракети „олха“, како и со ракети „вампир“ од чешко производство“, се вели во објавата на Министерството за одбрана во Телеграм. „Ова злосторство нема да остане неказнето“.

Се наведува дека повеќето од ракетите, вклучително и две ракети „олха“ биле соборени, со што се избегнати поголеми жртви, но фрагменти паднале врз градот.

Слики објавени од РИА покажуваат најмалку три автомобили во пламен, а други слики објавени на интернет покажуваат црн чад што се издига од градот.

Двајца жители изјавија за Ројтерс дека виделе проектили за противвоздушна одбрана како се издигнуваат кон небото, проследени со експлозии во воздухот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ