понеделник, 21 октомври 2024

Жесток руски воздушен напад на воен објект во Украина, загинале 41 лице (ВИДЕО)

Објавени се првите снимки од силниот руски воздушен напад на Полтава во Украина, во кој загинале најмалку 41 лице.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во нападот се користени две балистички ракети, а покрај десетиците загинати повредени се повеќе од 180 лице, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски на социјалните мрежи кажа дека руските сили го погодиле објектот со две балистички ракети, оштетувајќи ја зградата на воениот Институт за врски.

„Луѓето останаа заробени под урнатините. Многу луѓе се спасени, но има повеќе од 180 повредени. За жал, има многу жртви. За сега знаеме дека се убиени 41 лице. Наложив целосна и брза истрага на сите околности на ова што се случи. Рускиот олош сигурно ќе плати за овој напад“, порача Зеленски.

Тој повторно побара од сојузниците од Западот да испратат повеќе системи за противвоздушна одбрана и да ѝ дозволат на Украина да користи оружје со долг дострел на територијата на Русија.

„Продолжуваме да ги повикуваме сите во светот кои имаат моќ да го сопрат овој терор: на Украина ѝ се потребни системи за противвоздушна одбрана и ракети сега, а не во магацините. Нападите со долг дострел кои можат да нè заштитат се потребни сега, а не подоцна. Секој ден задоцнување, за жал, значи уште повеќе изгубени животи“, кажа Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ