сабота, 27 јули 2024

Жесток напад на Израел од Појасот Газа: Хамас тврди дека истрелал 5.000 ракети за 20 минути (ВИДЕО)

Утрово голем број ракети беа истрелани од Појасот Газа кон Израел. Брзата помош соопшти дека во нападот загинала една жена, а повеќе лица се повредени.

Објавено на

часот

Сподели

Одговорноста за нападот ја презеде палестинската милитантна исламистичка група Хамас. Воениот командант на Хамас, Мухамед Ал-Деиф денеска ја најави операцијата „Бура Ал Акса“ и изјави дека палестинската милитантна група гаѓала непријателски позиции, аеродроми и воени позиции со 5.000 ракети.

Деиф најавувајќи го почетокот на „воената операција“ против Израел ги повика Палестинците насекаде да се борат. „Ова е денот на најголемата битка за да се стави крај на последната окупација на земјата“.

Исламистичкото движење Хамас денеска го изврши најголемиот напад врз Израел во последните години, отворајќи жесток ракетен истрел од Појасот Газа додека вооружени напаѓачи ја преминале границата.

Додека се слушале предупредувачки сирени низ јужен и централен Израел, вклучувајќи го и Ерусалим, израелската војска соопшти дека е подготвена за војна, а премиерот Бенјамин Нетанјаху свика итен состанок на безбедносните службеници.

Овој инцидент е најсериозен откако Израел и Хамас водеа 10-дневна војна во 2021 година, при што израелските медиуми известуваат за вооружени судири меѓу групи палестински борци и безбедносните сили во јужните израелски градови.

Според итните служби, во ракетните напади загинала една Израелка, а 15 се повредени. Израелската војска соопшти дека нејзините сили дејствуваат во Газа, но не наведе детали. Палестинските медиуми објавија дека голем број Израелци биле заробени од борци, а медиумите на Хамас објавија видео на кое јасно се гледа уништен израелски тенк.

Министерот за одбрана Јоав Галант одобри мобилизација на резервисти и прогласи „специјална безбедносна операција“ во радиус до 80 километри од Појасот Газа за да може израелската армија подобро да ги заштити цивилите.

Во Газа можело да се слушне татнеж од ракетни истрели, а жителите известија за вооружени судири долж оградата за разделување со Израел, во близина на јужниот град Кан Јунис, и рекоа дека забележале значително движење на вооружени борци. Израелската служба за брза помош соопшти дека тимови биле испратени во области во јужен Израел во близина на Газа.

Израелските одбранбени сили прогласија воена готовност како одговор на ненадејниот напад од Газа. Министерот за одбрана одобри мобилизација на воени резервисти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ