сабота, 27 јули 2024

Женска недела во Бруталиск

Промоции на книги, работилници, стенд ап, музички и хуманитарни настани се на агендата следната недела во културниот центар во Дебар Маало со кои што се одбележува денот на жената.

Објавено на

часот

Сподели

Со шест настани за возрасни и еден за деца, КЦ Бруталиск организира тематска недела 04-11 март низ која посетителите ќе можат да уживаат во содржините посветени на жените. Неделата завршува со хуманитарен настан за донации за Леноид и Тара, викендот е исполнет со стенд-ап, промоција на книга со пет македонски поетеси, детска работилница и два настапи на локални диџејки, а започнува со традиционалниот вторнички квиз овојпат наречен „Женски Квиз“.

Вторник 5 март:
Женски квиз – 20ч.
Петок 8 март:

Осмомартовски Стенд Ап со Софија Ристевска Петрушева – 20ч.
– Holiday Friday
DJ Ivana Dragsic 21h.
Сабота 9 март:

Бесплатна креативна работилница за деца – 11ч.
Осмомартовски честитки со Доротеј Нешовски
Промоција на книга: Нејзината песна – 19ч.

Мала поетска компилација од пет современи македонски поетеси (Весна Ацевска, Магдалена Хорват, Николина Андова Шопова, Лидија Димовска и Будимка Поповска)
по избор на Пандалф Вулкански
Vanilla Saturday

DJ Disco Ninja – 21ч.
Недела

Хуманитарна забава за Леонид и Кара – 20ч.

Пет различни локални диџеи (DJ Abel x cynn, Lagi, Peteljavashе, Dimchuga, Sexy Marsa, Arzu).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ