сабота, 27 јули 2024

Жените во офанзива – Славјанка Петровска ќе се бори да стане лидер на СДСМ

Министерката за одбрана во заминување, Славјанка Петровска открива дека има амбиција да застане на лидерската позиција во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Таа потврдува дека размислува да се кандидира за функцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Таа за неделникот Фокус вели дека сериозно размислува да се вклучи во трката за нов партиски лидер, откако актуелниот лидер Димитар Ковачевски најави внатрепартиски избори по дебаклот што го доживеа СДСМ на претседателските и на парламентарните избори.

Конечната одлука ќе ја донесе откако ќе биде започната постапката.

Петровска е можеби охрабрена да се впушти во битка за лидерската позиција откако најпрестижната функција во државата ѝ припадна на жена, со изборот на Гордана Сиљановска Давкова за претседателка на Македонија, за првпат во историјата на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ