петок, 18 октомври 2024

Женг ја победи Векиќ и стана првата кинеска олимписка шампионка во тенис

Кинеската тенисерка, Кинвен Женг е новата олимписка шампионка откако во финалето во Париз во два сета ја совлада Хрватката, Дона Векиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Векиќ со самиот пласман во финалето направи голем успех за неа и за Хрватска, сакаше да дојде и до златниот медал, но Женг беше подобра денеска.

Хрватската тенисерка изгледаше импресионирано на почетокот од самиот настан, Женг го искористи тоа и со убедливи 6-2 го доби првиот сет.

Во вториот се водеше поголема борба, гемовите траеа подолго, но и тој и припадна на Женг, овојпат со 6-3.

Женг испиша и историја, стана првата кинеска тенисерка која победила на Олимписки игри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ