среда, 5 март 2025
Официјални детали од МВР

Жена загина, а двајца се тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Тетово- Гостивар

Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило пежо управувано од Г.Б.(47) од Охрид и возило мерцедес управувано од А.А.(19) од Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Во незгодата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото пежото Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот В.В.(47) и сопатникот С.В.(69) од Охрид, констатирани во Ургентен Центар Гостивар.

Сообраќајните ленти од магистралниот пат од Тетово кон Гостивар од клучка за с.Неготино се во прекин и сообраќајот се пренасочува по населените места.

Увид на лице место ќе врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ