недела, 14 април 2024
Лекарите се борат за нејзиниот живот

Жена се породила и се фрлила од први кат на ГАК

Објавено на

часот

Сподели

„Пациентка на 39-годишна возраст од Скопје примена е на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на ден 28.06. во 21.16 часот заради крвавење во последниот триместар од бременоста (36 гестациска недела). Пациентката веднаш е прегледана од дежурен специјалист во амбулантата за итни случаи и е утврдено дека се работи за предвремено одлепување на постелката, состојба којашто витално го загрозува плодот и сериозно го загрозува здравјето на мајката. Пациентката веднаш е примена во родилна сала и по кусата предоперативна подготовка и за 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21.30 часот, при што е добиено живо машко дете во задоволителна кондиција. Пациентката е уредно следена на одделот за породени жени – Пуерпериум, согласно медицинските стандарди и протоколи. Во петокот, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог“, соопштија од ГАК за настанот. 

Од таму велат дека понатамошниот постпородилен период пациентката е следена согласно дадените препораки.

„Следниот ден, пациентката е без особени тегоби и е со уреден гинекошко-акушерски статус. Вчера, пак, на утринска визита пациентката се пожалила на слична симптоматологија како и во петокот, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар. Во понатамошниот тек од вчерашното дежурство продолжени се дневните активности и работни обврски на дежурната екипа, без дополнителни влошување на состојбата на родилката“, се вели во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ