Станува збор за Марија Цветанова, која во бездната скокнала од круната на браната Гратче, крај Кочани.
Стражарот на „Водостопанство Брегалница“ ја забележал Цветанова како седи на карпа покрај вештачкото езеро и пуши цигара.
Подоцна кога погледнал во правецот каде што била таа, жената ја немало.
При поминување по круната на браната го забележале нејзиното неподвижно тело во амбисот и веднаш пријавиле во полиција.
На местото на настанот пристигнале брза помош, противпожарна единица, полицијата и истражен судија, кој извршил увид на местото на трагичниот настан.