сабота, 27 јули 2024
Во Крива Паланка

Жена повредила негувателка на домашна посета, па запалила оган и изгорела во пожар

Во ОВР Крива Паланка, В.Н.(47) од Крива Паланка пријавила дека била нападната од Ј.Н.(42), лице со здравствени проблеми, додека била во домашна посета во нејзиниот дом како негувателка, при што се здобила со повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, откако В.Н. била преземена од Итната медицинска помош, Ј.Н. запалила оган во една од собите и како последица од задушување од настанатиот пожар починала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ