сабота, 27 јули 2024

Жена наплаќала бесплатен тоалет на фестивал во Германија. „Заработила“ неколу илјади евра

Полицијата истражува чистачка која незаконски им наплаќала на посетителите да го користат бесплатниот тоалет на „Канштатер волксфест“ во Штутгарт и на тој начин „заработила“ неколку илјади евра.

Објавено на

часот

Сподели

Порталот Штутгарте-нахрихтен пишува дека чистачката е уапсена и осомничена дека незаконски се збогатила. Жената била уапсена од полицајци во цивил.

Полициската управа во Штутгарт на социјалната мрежа Х објави за случајот на нелегална заработка на фестивалот. Објавија фотографија и од заработката на чистачката.

„Чистачката ги терала луѓето да плаќаат за користење на бесплатниот тоалет и со тоа заработила неколку илјади евра. Ова е недозволиво. Жената е уапсена и водиме истрага“, соопштија од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ