„Ова е нашата тераса пред зграда и крадецот што ни ги краде цвеќињата. Можби некој ќе ја препознае“, објавија граѓани на социјалните мрежи за да ја најдат жената која им ги краде цвеќињата.
Пред десетина дена општина Тетово преку социјалните мрежи сподели видео од градот од кое се гледа како граѓанин застанат со својот автомобил бере цвеќиња со кои е оформено името на градот.
Случајот беше пријавен во полиција, а Општината наведува дека има и други случаи на оштетување на јавниот имот.