сабота, 18 јануари 2025
За да ја „спасат“ од затвор, побарале парични средства

Жена дала 130.000 денари на измамници кој ја излажале дека нејзината ќерка прегазила дете

Вчера во 18:30 часот, 76-годишната Р.С. од Скопје пријавила во СВР Скопје дека станала жртва на измама. Околу 14:00 часот истот ден, таа примила телефонски повик од женско и машко лице, кои ѝ соопштиле лажна информација дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која било прегазено дете. За да ја „спасат“ од затвор, побарале парични средства.

Објавено на

часот

Сподели

Под влијание на оваа измама, Р.С. се согласила и на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари на сторителите. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и го пријавила случајот.

СВР Скопје превзема мерки за расветлување на случајот и откривање на сторителите. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да пријавуваат слични обиди за измама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ