петок, 10 јануари 2025

Жена барана со потерница заврши во затвор, била осудена за измама

Во Битола вчера во 11.00 часот на улица „Бранко Радичевиќ” полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода В.М.(59) од Битола.

Објавено на

часот

Сподели

МВР денеска соопшти дека таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело измама по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ