сабота, 27 јули 2024

Железницата пропаѓа, граѓаните револтирани што не можат ни до Скопје да патуваат со воз

Велешани во голем број работници и студенти кои работат и учат во Скопје, Прилеп и во Битола се револтирани поради тоа што Македонски железници од денеска ги укина двата од три воза кои сообраќаа од Скопје преку Велес и Прилеп за Битола и обратно. Меѓународни возови одамна не сообраќаат. Железничката станица во Скопје, која беше една од најубавите во Европа, пропаѓа. Пропаѓаат и пругите. Нови не се градат.

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа од денеска е укинат утринскиот воз кој од Скопје поаѓа во 6,50 часот, во Велес пристигнуваше во 7,50 часот и преку Прилеп пристигнуваше во Битола. Воедно е укинат и возот кој од Скопје за Битола тргнуваше од Скопје навечер во 20 часот, а во Велес пристигнуваше во 21 часот и продолжуваше кон Прилеп и Битола.

Од денеска е укинат и возот од Битола за Скопје, кој според возниот ред поаѓа во 12,50 од Битола во 15,20 пристигнуваше во Велес, а во Скопје  во 16,20 часот. Од денеска е укинат и возот кој од Битола поаѓаше во 18,20, во Велес беше во 21,а во Скопје во 22 часот, информираат од Железничката станица во Велес.

Останува само возот што во 3 часот по полноќ тргнува од Битола. кон Скопје Друга врска со воз кон главниот град не постои. Укинати се и линии од Скопје кон Кичево и од Скопје кон Кочани.

Моника Петровска студентка која редовно патува за Скопје и обратно и има месечен билет, како и голем број на нејзини сограѓани кои учат или студираат во Скопје најмногу се револтирани за укинувањето на возот кој од Железничката станица во Скопје поаѓаше за Битола навчер во 20 часот, а во Велес пристигнуваше во 21 часот.

„Многу ни е тешко и мачно што се укинува овој воз.Нас предавања ни завршуваат околу 19 часот и стигнувавме со овој воз.Сега мораме да го чекаме последниот воз кој од  Скопје за Велес поаѓа во 22,40 часот,  а во Велес сме некаде пред полноќ.Повеќето од нас има повратни билети за железница, па сега ако сакаме навечер преморени порано да се вратиме дома за Велес од денеска мораме да плаќаме плус 200 денари секоја вечер карта за автобус Скопје-Велес“,вели револтирано Петровска.

Ваков револт искажуваат и останатите велешки средношколци и студенти, како и голем број на вработени од Велес кои секој ден патуваат за Скопје и обратно.

Инаку, преку соопштение до патниците од претпријатието ЖРСМ транспорт АД Скопје – патнички сообраќај, патниците се известуваат дека на релација Битола – Прилеп – Велес – Скопје и обратно ќе сообраќаат патничките возови – воз бр. 643 кој поаѓа од Скопје за Битола  во 14.30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола за Скопје во 3.13 часот.

Од МЖ транспорт не даваат објаснување зошто се одлучиле на овој чекор.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ