сабота, 27 јули 2024

Железничкиот сообраќај помеѓу Романовце и Миладиновци утре ќе биде во прекин

Поради модернизација на пружни блокови, автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци ќе биде исклучен од редовна работа од утре во 10 часот, информираа од Јавното претпријатие (ЈП) Железници Инфраструктура.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„ЈП ЖРСМ Инфраструктура ја известува јавноста дека поради изведување на електромонтажни работи на сигнално сигурносните постројки, односно реализација на проектот модернизација на автоматските пружни блокови, (монтажа на бројачи на оски), автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци ќе биде исклучен од редовна работа во 10 часот на 30 мај (среда) 2024 година. Сообраќајот помеѓу овие две станици ќе се одвива во станично растојание бидејќи патните премини Агино Село-Поле и Дељадровци – Поле ќе бидат исклучени од работа. Сообраќајот на горенаведените патни премини ќе се одвива согласно постоечките сообраќајни правила и прописи кога патните премини не работат. Известувањето ќе важи до негово отповикување“, информираа од Јавното претпријатие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ