недела, 19 мај 2024

Железница прави ремонт на дел од пругите, затворен за сообраќај преминот меѓу Куманово и Романовце

Поради модернизација на АПБ системот (автоматското пуштање на возовите) од денеска до 27 мај, годинава рампите на патните премини во селата Превој, Романовце и Брзак, кумановско ќе бидат исклучени од работа, соопштија денеска од Јавното претпријатие ЖРМ Инфраструктура – Скопје.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

ЖРМ Инфраструктура – Скопје ги известуваат граѓаните дека поради изведување на електромонтажни работи на АПБ системот (автоматско пуштање на возовите), односно монтажа на бројачи на осовини, автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Куманово – Романовце ќе биде исклучен од редовна работа во период од 7 до 27 мај, годинава.

„Сообраќајот на овие патни премини ќе се одвива во согласност со постоечките сообраќајни правила и прописи во случај кога патните премини не работат“, информираа од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ