вторник, 22 октомври 2024

Зградите на српските институции на Косово се блокирани трет ден

Зградите на српските институции во четирите општини на северот на Косово и понатаму се блокирани, а пред нив стои косовската полиција, пренесе денес Радиотелевизија Србија и додаде дека Кфор го засилил присуството на главниот мост во Косовска Митровица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Акциите на полицијата на северот на покраината влијаат на безбедноста, стабилноста и мирот, кажа мисијата УНМИК, по разговорот на претставници на Српска листа со шефицата на таа мисија на Косово Каролина Зијаде.

Српска листа побара итна акција на меѓународните претставници.

„НАТО е многу разочаран од акциите на северот на Косово кои не се координирани со Кфор“, наведе портпаролката на западниот воен пакт Фара Даклала.

Државниот врв на Србија оцени дека во тек е обид да се испровоцира реакција и порачуваат дека изборот е политичка борба.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Прага имал низа билатерални средби со европски функционери, меѓу другите и со европскиот претставник за дијалогот на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Вучиќ побарал конкретна и недвосмислена реакција на ЕУ и земјите членки не само во осудата на најновото насилство на Приштина, туку и во спречувањето на таквите потези и заштитата на Србите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ