сабота, 24 февруари 2024
Став на претседателот на Универзитетското студентско собрание

Зголемувањето на партиципација на студентите е внатрешна процедура на УКИМ

Претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Александар Николовски денеска на новинарско прашање околу објавите во медиумите за наводно зголемување на партиципација на студентите, посочи оти тоа не е барање на Министерството за образование, туку станува збор за внатрешни процедури на УКИМ.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Зголемувањето на партиципацијата ќе оди од страна на УКИМ до Владата, како барање на товар на студентите. Министерството за образование се произнесе дека тоа не било барано од нив, туку се внатрешни процедури на самиот Универзитет“, рече Николовски.

Неговиот личен став, како што рече, е дека партиципацијата не смее да се покачи.

„Нашата заложба како Универзитетско студентско собрание е дека во иднина долгорочната перспектива на Владата треба да биде да се обезбеди бесплатно образование за сите студенти“, рече Николовски одговорајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за соработка во Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ