„Зголемувањето на партиципацијата ќе оди од страна на УКИМ до Владата, како барање на товар на студентите. Министерството за образование се произнесе дека тоа не било барано од нив, туку се внатрешни процедури на самиот Универзитет“, рече Николовски.
Неговиот личен став, како што рече, е дека партиципацијата не смее да се покачи.
„Нашата заложба како Универзитетско студентско собрание е дека во иднина долгорочната перспектива на Владата треба да биде да се обезбеди бесплатно образование за сите студенти“, рече Николовски одговорајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за соработка во Министерството за култура.