вторник, 22 октомври 2024
Ќе се менува Законот за платежни услуги и платни системи

Зголемувањето на провизиите и другите надоместоци од страна на банките ќе станат минато

Објавено на

часот

Сподели

Група пратеници до Собранието достави предлог-измени на Законот за платежни услуги и платни системи со кои се предлага менување на банкарските правила особено во однос на дополнителните трошоци што ги наплаќаат банките и другите финансиски друштва при нудење на финансиски услуги. 

Партијата Македонски концепт денеска преку соопштение информираше дека дава целосна поддршка на иницијативата за измена на Законот за платежни услуги и платни системи.

„Македонски концепт, дава целосна поддршка на иницијативата за измена на Законот за платежни услуги и платни системи, со која се предвидува забрана за наплата на провизии и надоместоци за отворање, водење или затворање на трансакциска и девизна сметка за физички и правни лица, за отворање и водење на дебитна или кредитна картичка, забрана за месечни членарини, забрана за наплаќање за ажурирање на лични податоци на корисниците на платежните услуги, промена на статусот на корисникот на платежна услуга (од резидент во нерезидент и обратно), промена на дневен лимит или промена на пинови, за аплицирање или промена на дозволено пречекорување, регистрање и овозможување непречено користење на услугата електронско банкарство и електронско плаќање (активен профил), како и услуги на мобилно банкарство (инсталација, регистрација, обнова на УСБ сертификати и сл.), поднесена од група пратеници и доставена во Собранието“, велат од партијата.

Во насока на заштита на граѓаните од нерамноправната и неповолната состојба во која се наоѓаат во изминатите години и која директно влијае на нивната социоекономска положба, од Македонски концепт предлагаат дополнување на иницијативата во делот на давачките за @-комерц, за правни лица кои продаваат производи и услуги преку интернет, нивно намалување во рамките на износите кои се светска пракса.

Македонски концепт смета дека банките во Македонија се доволно стабилни, па оттука не е прифатливо опаѓањето на главните приходи од каматите да го надоместуваат со зголемување на провизиите и другите надоместоци на грбот на граѓаните.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ