петок, 21 јуни 2024

Зголемувањето на платите ќе биде системско, тврди министерот за финансии Бесими

Објавено на

часот

Сподели

За зголемувањето на платите на функционерите, пак, напомена Бесими, секоја институција поединечно постапува. Министерствата вршат исплати во рамки на нивните буџети за вработените, функционерите од Владата се исплаќаат од Владата, а тие од Собранието од Собрание. Пренамена на средствата се прави во секоја институција каде што се исплаќа платата. 

 „Секоја институција поединечно си постапува и си гледа каде има расположиви средства со реалокација на средства така што тоа е дел на секоја институција сама по себе. Додека Владата се однесува на делот што се избрани функционери кои се исплаќаат од Владата, потоа има именувани функционери –  на пример за пратениците во Собранието се плаќа од Собрание, градоначалниците се плаќаат од општините, советниците во општините се плаќаат од општините. Има избрани функционери на локално и на централно ниво и секоја институција како што си добиваа плата таму си ги распределуваат во нивните буџети“, рече Бесими по економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”.

На новинарско прашање дали се најде компромис со синдикалците и дали оваа година може да се очекува покачување на платите во јавната администрација, Бесими нагласи дека меѓу едното и другото треба да се прави дистинкција.

„Разговорот со синдикатите во јавниот сектор е постојан разговор во рамките на Економско-социјалниот дијалог и овие барања се сосема легитимни и не се поттикнати од тоа што во Уставниот суд се укина член кој се однесуваше на избраните функционери кој е во рамките на закон и кој е од поодамна важечки и тоа не е покачување на плата како владина политика. Напротив, Владата се упати со официјален допис до Уставниот суд дека не треба да го укине тој член. Додека разговорот со синдикатите е независно од тоа. Коинцидира временски тоа што треба да го завршиме, но важно е дека таму треба да се реши системски, тоа што го кажав, и веќе сите разговори се водат таму во однос на утврдување методологија која ќе биде подеднаква за сите во јавниот сектор и тоа после да биде решение не само за вработените, туку и за функционерите во иднина. Мислам дека тука сме на добар пат – само на следните состаноци да ги наоѓаме кои се можните решенија за надминување на оваа дилема сега што е во јавноста полека се решава. Како што не е веќе тема на преговори утврдување на минимална плата, не е тема на преговори за зголемување на пензијата зашто ги решивме во минатите години со закон и со методологии кои се системски, законски и важат за сите за кои се регулира таа материја и нема таму потреба секоја година да се преговара во смисла на обезбедување на нивните права како што се пензија, минимална плата. Така ќе се реши системски и ова прашање“, рече Бесими.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ