сабота, 27 јули 2024

Зголемување на цените на основните прехранбени производи нема да има, смирува Трајковски

Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Објавено на

часот

Сподели

Инспекторатот, нагласува Трајковски во писмена изјава до медиумите, ќе продолжи да постапува по донесените одлуки на Владата и ќе проверува дали во маркетите кај соодветните производи стои ознаката „гарантирана цена“.

Директорот потсетува дека оној што нема да ги почитува владините одлуки за намалените цени, ќе биде казнет.

„Имајќи ги предвид реакциите на граѓаните, на општата и стручна јавност во врска со информациите за зголемување на цените кои се пласирани во јавност деновиве, известуваме дека зголемување на цените на основните прехранбени производи нема да има, а Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените. Ќе проверуваме дали стои ознаката „гарантирана цена“ и дали се почитуваат останатите одредби од одлуките кои се однесуваат на трговците на мало и на трговците на големо. Граѓаните да бидат спокојни. Цените на основните прехрамбени производи нема да се зголемат, може само дополнително да се намалат. Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките за намалување на цените кои се веќе донесени. Оној што нема да ги почитува одлуките, ќе биде казнет без селекција. Граѓаните се на прво место, а ние сме тука за да го штитиме нивниот стандард“, наведува Трајковски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ