петок, 25 октомври 2024
Фото: Состојба на ГП Прешево

Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на Богородица нема подолги задржувања

Утрово нема колони возила на граничниот премин Богородица за влез во Грција, но е зголемена фреквенцијата за влез во Македонија од Грција, преку нивниот премин Евзони. Според камерата на граничниот премин Прешево, за влез во Србија има зголемена фреквенција на возила кои доаѓаат од Македонија преку Табановце.

Објавено на

часот

Сподели

Зголемената фреквенција на Табановце се должи главно заради патниците кои се враќаат од годишен одмор во Грција.

Камерата на граничниот премин Богородица покажува дека е намален бројот на туристи кои втората половина од септември ќе ја минат на море.

Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ