сабота, 27 јули 2024

Зголемен ризик од терористички напади во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 10 претставници на разузнавањето и полицијата во пет европски земји, меѓу кои и Велика Британија, Германија и Франција, рекле за Ројтерс дека го засилуваат надзорот над исламистичките милитанти.

Според агенцијата, тоа дополнително ќе ги растегне ресурсите, кои веќе се оптоварени со справувањето со заканите од Русија, Кина и Иран.

Неименуван британски безбедносен претставник изјави дека војната во Газа најверојатно ќе стане најголемото место за регрутирање на исламистички милитанти од војната во Ирак во 2003 година.

Еден германски претставник вели дека колегите од разузнавачката заедница го информирале дека заканата за цивилите е најголема во поновата историја на Германија, а Јохен Копелке, кој го предводи најголемиот германски полициски синдикат, вели дека најголемата опасност доаѓа од „саморадикализираните“ милитанти.

„Само прашање на време е кога овие луѓе ќе извршат злосторства. Не секогаш се работи за тоа дека имаат бомби. Тие можат да влетаат со автомобил на митинг или да нападнат со нож“, рече Копелке.

Три лица беа убиени во два напади на исламистички милитанти во Франција и Белгија минатиот месец, а овие две земји, заедно со Австрија, Словенија и Босна и Херцеговина, го подигнаа нивото на тревога за терористичка закана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ