Во три кратки пасуси за Западен Балкан, документот вели дека „националистичките лидери веројатно ќе ја влошат тензијата во своја политичка корист; а надворешните актери ќе зајакнат и ќе ги искористат етничките разлики за да го зголемат или да го заштитат своето регионално влијание или да спречат поголема интеграција на Балканот во ЕУ или евроатлантските институции.“
Се потсетува дека „судирите меѓу српските националисти и косовските власти во 2023 година резултираа со смртни случаи и повредени, вклучително и повреди на мировниците на НАТО“.
Веднаш потоа се вели дека „лидерот на босанските Срби Милорад Додик презема провокативни чекори за да го неутрализира меѓународниот надзор во Босна (и Херцеговина) и да обезбеди де факто отцепување на неговата Република Српска“.
На крајот од делот за Западен Балкан, се вели дека „неговата постапка (на Додик) може да ги поттикне водачите на бошњачкото (босанско муслиманско) население да ги зајакнат сопствените капацитети за заштита на своите интереси и евентуално да доведе до насилни конфликти, кои би можеле ги надвладеат мировните сили.“