сабота, 26 октомври 2024

Зголемен е интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од
државата, соопшти АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ