Консултантската компанија за недвижности ЦБРЕ СЕЕ објавила дека со продажбата биле опфатени 11 објекти од премиум класа, со површина поголема од 122.000 квадратни метри, во пет деловни парка: Грин харт, Фортиуан, Белград бизнис центар, 19 Авенју како и деловната зграда Хаус.
Диофа фондот е дел од БДПСТ групата која ја води Иштван Тиборц.
На сајтот на групата се наведува дека во 2022 влегле во логистичкиот сектор преку компанијата Ваберерс. Таа компанија во октомври минатата година објавила дека го презела мнозинскиот удел во српскиот дистрибутер МД интернешнал.
Според претходни извештаи, Диофа договорот за купување на деловните згради го постигнала пред неколку месеци со Индотек групата, која претходно тоа портфолио го купила од ГТЦ. Индотек е исто така унгарска компанија.
Форбс веќе неколку години го води Тиборц меѓу 40-те најбогати Унгарци, како и највлијателни, а откако во 2013 година се оженил за ќерката на Орбан, почнал и неговиот подем на бизнис сцената.