сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на Беса

Зендели: На Митрески му даваме можност да покаже дека е за демократија, а не за ДУИ

Тaлат Џафери беше главниот фактор за блокадата на изборот на опозицискиот член во ДИК, но тој повеќе не е на таа функција, па на власта ѝ даваме уште една можност да докаже дека е проевропска како што сака да се прикаже и да се избере наш претставник во ДИК, изјави пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели и упати повик до новиот парламентарен спикер Јован Митрески итно да закаже седница.

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме од претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој вчера при инаугурацијата изјави дека ќе работи во интерес на сите граѓани, итно да се одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањатада и за член на ДИК пред Собранието да го предложи кандидатот од албанската опозиција, Абдуш Демири“, рече Зендели.

Тој додаде дека со овој чин новиот претседател на Собранието ќе докаже дека работи во интерес на сите граѓани, а не во интерес на ДУИ и власта која се обидува да ги манипулира изборите.

„Митрески знае дека другиот кандидат е предложен од новоформирана партија, која се уште не излегла на избори и нема добиено ниту еден глас, дури и дека е партија која е дел од власта, бидејќи нејзините кадри се наградени со директорски места,  веројатно, откако им направија услуга на ДУИ и на власта предлагајќи кандидат до ДИК“, рече тој

„Доколку новиот спикер на Собранието, Јован Митревски продолжи да го блокира овој процес, исто како Талат Џафери, тогаш ќе се докажат две работи. Дека ДУИ и СДСМ заедно се обидуваат да ја осакатат ДИК за да ги фалсификуваат изборите. И дека нивната коалиција оди кон воведување на земјата во конкомунизам. Исто така го известуваме и првиот човек на Собранието дека доколку во рок од неколку дена оваа право не го добе албанската опозиција, тогаш ќе продолжиме со бојкотот на работата на Собранието“, нагласи пратеникот Зендели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ