сабота, 27 јули 2024

Земјотресот што го погоди Тајван откршил дел од остров (ВИДЕО)

Гребен источно од островот Гишан, популарна туристичка дестинација на Тајван, се откршил и лизнал во морето по разорниот земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тајванската телевизија ТВБС прва известила за штетата на островот Гишан, кој поради својот облик се нарекува и „Остров на желките“.

Тајванскиот новински портал Кридерс пишува дека големи камења паднале во морето, но дека никој не бил повреден во моментот бидејќи во близина немало туристи или чамци.

Земјотресот го погоди Тајван во средата наутро за време на најпрометниот период, а се почувствувал на целиот остров кој има повеќе од 23 милиони жители.

Тајванската централна метеоролошка управа соопшти дека земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтеровата скала удри во средата во 7:58 часа (вторник во 23:58 по средноевропско време) на длабочина од 15,5 километри.

Бројот на луѓето за кои е потврдено дека се повредени во најсилниот земјотрес на Тајван во последните 25 години порасна на 1.050, соопштија денес властите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ