четврток, 13 март 2025

Земјотрес во Неапол, повредено лице извлечено од урнатини (ФОТО+ВИДЕО)

Многу луѓе во и околу италијанскиот град Неапол ја поминаа ноќта на улица или во своите автомобили поради потресите на земјата. Италијанските сеизмолози известија дека земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала се случил во 01:25 часот по локално време на исклучително мала длабочина од три километри.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Во делови од Неапол дошло до прекин на струјата. Во блискиот град Поцуоли, недалеку од епицентарот на земјотресот, едно повредено лице е извлечено од делумно урната куќа. Неапол се наоѓа во Флегријските полиња, вулкански басен што ја прави областа во јужна Италија подложна на земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше проследен со најмалку два послаби последователни потреси. Луѓето ги напуштиле своите домови и се собрале на улиците на Неапол, стравувајќи од дополнителни земјотреси. Подоцна се појавија фотографии на кои се гледа оштетена куќа и автомобил со скршено ветробранско стакло.

Формиран е координативен центар за спасување за проценка на штетите. Неколку училишта денеска ќе останат затворени за да може да се провери стабилноста на зградите, објави весникот Кориере дела сера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ