понеделник, 16 декември 2024

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес со сила од 2,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувствуван во Скопје и околината.

Објавено на

часот

Сподели

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 24.09.2024 година, во 21 часот и 46 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9“, се вели во официјалното соопштение од скопската Сеизмолошка опсерваторија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, специјализираната светска интернет страница за следење на потресите ширум светот ЕМСЦ, објави дека земјотресот бил во 21.46 часот на оддалеченост од 24 километри источно од центарот на Скопје, односно 14 километри североисточно од Илинден, со хипоцентар на длабочина од 5,6 километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ