За делови од островската држава на Тихиот Океан беше издадено предупредување за цунами, но властите во 14:14 часот по локално време соопштија дека заканата поминала.
Степенот на штетата останува нејасен, но има непотврдени извештаи за најмалку еден загинат. Ден Мекгари, новинар кој живее во Порт Вила, изјави дека полицијата во Централната болница му потврдила дека едно лице починало.
Објавувајќи на Икс, Мекгари рече дека видел три лица „сериозно повредени“ на болнички колички кои чекаат третман. „Најсилниот земјотрес што сум го видел во последните 20 години“, додаде тој.
CCTV footage of 7.4 Earthquake in Port Vila, Vanuatu
December 17, 2024 #earthquake #Vanuatu #terremoto #sismo pic.twitter.com/0MJWyhepga— Disasters Daily (@DisastersAndI) December 17, 2024
Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, згмечени автомобили и мебел расфрлан по подот на домовите. Жителите известуваат дека се нарушени комуникациските врски.
Според фотографиите објавени на интернет, меѓу оштетените згради е и американската амбасада во Порт Вила. Американските власти објавија дека зградата претрпела „значителна штета“ и дека ќе биде затворена до понатамошно известување.
7.3 earthquake has hit Vanuatu, an island east of Australia.
In this video is the American Embassy. It collapsed with people inside.
The island has suffered massive damage.
Pray for the victims and their families.
— Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) December 17, 2024
Мајкл Томпсон, директор на авантуристичката компанија Вануату Џангл зиплајн, изјави за новинската агенција АФП дека видел тела како лежат на улиците.
7.4 Earthquake damage in Vanuatu.
December 17, 2024 #earthquake #sismo #terremoto pic.twitter.com/8n6z0QEaQe— Disasters Daily (@DisastersAndI) December 17, 2024
„Повеќе згради се урнаа во градот. Во тек е голема спасувачка операција за да се извлечат луѓето кои можеби се живи од зградите. Повеќето од комуникациите се во прекин“, рече Томпсон.
УСГС објави за најмалку четири последователни потреси околу Порт Вила – со магнитуди од 4,7 до 5,5 степени – два часа по првиот земјотрес.
Massive landslides near our international shipping terminal. A lot of digging out ahead. This is going to impact our ability to respond. pic.twitter.com/dpgyK8tcpf
— Dan McGarry (@VanuatuDan) December 17, 2024
Властите во Нов Зеланд и Австралија соопштија дека нема закана од цунами за нивните земји. Австралија, исто така, нагласи дека е „подготвена да го поддржи Вануату додека се проценува обемот на штетата“.
A magnitude 7.3 offshore earthquake struck #Vanuatu west of the capital, Port Vila, on Tuesday 17 December.
We are closely monitoring the situation and remain committed to providing support as needed. @WHO staff are already on the ground, assisting at Vila Central Hospital and… pic.twitter.com/34Ew9Ac5gi
— World Health Organization (WHO) Western Pacific (@WHOWPRO) December 17, 2024
Вануату, низок архипелаг со околу 80 острови, се наоѓа во сеизмички активно подрачје и е подложен на чести големи земјотреси и други природни катастрофи.