вторник, 22 октомври 2024

Земјотрес со јачина од 7,1 степен во Јапонија, издадено предупредување за цунами (ВИДЕО)

Јапонија издаде предупредување за цунами по земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала што го погоди јужниот остров Кјушу, пренесе Ен-би-си њуз.

Фото: ЕМСЦ

Објавено на

часот

Сподели

Потресот се случил во близина на брегот на префектурата Мијазаки во 16:42 часот, по локално време (03:42 часот по средноевропско време), на длабочина од околу 29 километри, според Јапонската метеоролошка агенција.

Јапонските власти издадоа предупредување за цунами и ги предупредија жителите веднаш да ги напуштат крајбрежните области на префектурите Кочи и Мијазаки додека не биде укината. Предупредувањата се издаваат кога се очекува брановите да бидат под 1 метар.

Јапонската телевизија НХК, повикувајќи се на началникот на локалната полиција, објави дека се проверува дали има структурни оштетувања на зградите, но се чини дека досега нема. Се вели дека пристаништето Мијазаки пријавило бран од 50 сантиметри, најголем досега.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ