среда, 8 јануари 2025

Земјотрес почувствуван утрово во земјава

Земјотрес утрово е почувствуван во југоисточните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот е регистриран во 7:23 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2,2 степени и со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје.

Земјотрес беше регистриран и вчера во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар на 25 километри северозападно од Скопје. И на 5 јануари во 23:12 часот беше регистриран земјотрес со епицентар на 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2,8 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ