петок, 27 декември 2024

Земјотрес од 7,4 степени во Тајван. Срушени згради, има мртви и заробени (ВИДЕО)

Тајван го погоди силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во последните 25 години. Неколку згради се урнати. Најмалку четворица мртви, а има и заробени под урнатините.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.

Земјотресот, кој предизвика прекин на електричната енергија во главниот град Тајпеј, се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри кај јужниот брег на Тајван, соопшти државната сеизмолошка служба.

Јапонскиот центар за земјотреси извести дека неколку мали цунами стигнале до јужната префектура Окинава и подоцна го укинале предупредувањето за плимните бранови. Сеизмолошката агенција на Филипините исто така издаде предупредување за жителите на крајбрежните области и ги повика да се засолнат на повисоки места. Во меѓувреме, предупредувањата за цунами се суспендирани.

Земјотресот бил почувствуван во Шангај, Кина, велат очевидци. Кинеските медиуми објавија дека се почувствувал и во Фуџоу, Ксиамен, Куанжу и Нингде во покраината Фуџијан.

Во Тајпеј сè уште се чувствуваат последователни потреси, со најмалку 25 досега, велат жителите. Повеќе од 87.000 домаќинства останаа без струја, а запрени се и брзите железнички возови.

Јужно тајванскиот научен парк, кој е дом на важен производител на полупроводници, објави дека работата функционира нормално. И технолошкиот гигант најави дека производството се одвива без прекин.

Државната новинска агенција соопшти дека тоа е најсилниот земјотрес од 1999 година, кога земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, при што загинаа околу 24.000 луѓе, а биле уништени или оштетени 50.000 домови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ