сабота, 27 јули 2024

Земјотрес од 4,8 степени во Њујорк предизвика проблеми во воздушниот и железничкиот сообраќај

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер беше забележан во американската сојузна држава Њу Џерси, во близина на градот Њујорк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Њујоршката полиција соопшти дека нема пријавени штети ниту повредени.

„Нема ситуации опасни по живот по земјотресот со магнитуда 4,8 кој се почувствува во Њујорк“, изјави гувернерката Кети Хокул на конференција за новинарите. Таа кажа дека се проценува штетата од земјотресот.

Белата куќа објави дека претседателот Џо Бајден бил брифиран за земјотресот.

Сојузната управа за воздухопловство соопшти дека се прекинати летовите за аеродромите Њујорк Кенеди, Филаделфија, Балтимор и Њуарк. Кулата на контролата на воздушниот сообраќај на аеродромот Њуарк Либерти се евакуира, соопштено е по земјотресот. Тоа значи дека летовите биле одложени додека контролорите да се префрлат на алтернативно место.

Пистите се во процес на прегледување за оштетувања. Набрзо по земјотресот контролорите на Лагвардија и понатаму одобрувале полетувања.

Сојузната управа за воздухопловство ќе мора да ги прегледа пистите на њујоршките аеродроми ЏФК и Њуарк пред продолжувањето на работата.

Проблеми има и во железничкиот сообраќај.

Амтрак соопшти дека почнал да ги прегледува пругите по 11 часот по источно време и дека вовел ограничување на брзината во целиот регион додека не завршат прегледите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ