Земјотрес вчеравечер бил почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ информираа дека телеметриската сеизмолошка мрежа синоќа во 23 часот и 12 минути регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2,8 степени.