среда, 23 октомври 2024

Земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обештетени по хаваријата на цевководот Макарија

Објавено на

часот

Сподели

Постапката, како што истакна Николовски, ја води општината.

Според него, направено е сѐ за да се спаси тековната сезона, но и за да продолжи наводнувањето на другите култури, посебно на грозјето. 

„На крајот на мај се случи најголемата национална хаварија во водостопанската инфраструктура. Среќа што немаше жртви. Затоа, сите капацитети беа подигнати на највисоко можно ниво, Влада, претседател на држава, сите институции. Ова беше најсериозен проблем од независноста, па и претходно. Како Министерство веднаш излеговме во пресрет поради финансиската состојба на АД „Водостопанство“ и успеавме во најбрза постапка, за месец и половина, со пари обезбедени од МЗШВ и измена на владина програма, да најдеме соодветно стручно решение. За тоа им се заблагодарувам на Градежниот факултет, на сите вклучени и на изведувачот. Од вчера водата во Макарија е повторно пуштена и покрај непристапноста на пределот. Страшна беше глетката кога веднаш по хаваријата отидовме на терен, но веќе се е средено со мобилизација на сите структури и во делот на Росоман и во делот на Градско. Се е направено за да се спаси тековната сезона, но и за да продолжи наводнувањето кое следи за другите култури, посебно за грозјето. Не се чека следната сезона, туку успеавме за многу краток период овој најголем и најкомплексен проблем да го решиме“, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања пред доделувањето грантови на малите дестилерии.

Николовски за овчеполските протести: Сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување.

Според Николовски, АД „Водостопанство“ треба да се реструктуира, а по кој модел, ќе се одлучи на една од владините седници овој месец. Претпријатието мора да биде профитабилно, не смее да се дозволи да пропаѓа во долгови кои ќе ги плаќаат граѓаните. Од друга страна, не смее ниту земјоделците да бидат доведени во состојба на некакво драстично поскапување на водата во сред сезона.

Тој вели дека не смее да се дозволи АД „Водостопанство“ да пропаѓа во долгови и граѓаните да плаќаат за тоа, ниту смеат земјоделците да бидат доведени во состојба на некакво драстично поскапување на водата во сред сезона.

„Треба одговорност, чесен пристап, јасно и точно да се кажуваат работите. Со полициска контрола и мобилизација на сите институции, успеа водата да стигне до нивите. Но, врз основа на прашањата, треба да се најдат и одговорите: дали има нелегални приклучоци? Дали се троши водата за други потреби? Ние го правиме тоа што е наша обврска, да се грижиме. Му дадовме поддршка на АД „Водостопанство“ и петте метри кубни вода во секунда веќе течат низ нивите во Овчеполието, вклучително и до Ерџелија и Мустафино. Сепак, треба сите да се свесни за состојбата во која е доведено претрпијатието кое е формирано во 2015 – 2016 година. Јас воопшто не се согласувам со концептот на работа и затоа, во овој втор дел од мојот мандат, една од првите работи беше иницирање Работна група. Пред финална фаза сме, има Одлука на Влада за реорганизирање и тоа е потребно зашто е недозволивпо секоја година на неколку месеци АД „Водостопанство“ да бара пари за гориво, за нафта, за струја. Тоа значи дека или не се остваруваат приходи или се троши нерационално. На МЗШВ обврската се политките или конкретно, во случајов, како да го реформираме АД „Водостопанство“. Во август ќе се одржи тематска седница на Владата на која ќе се одбере моделот по кој ќе се реорганизира АД „Водостопанство“, а има два предлога“, истакна министерот.

Тој потсети дека беа ангажирани и експерти од ЕУ за да се утврди, преку изготвување физибилити студија, што е направено во 2015 година.

„Сметам дека претпријатието треба да се децентрализира и подружниците да добијат повеќе можности и слобода во управувањето, зашто се најблиску до земјоделците и најдобро ги знаат нивните проблеми. Во делот на ценовникот, Владата дава само согласност, но по моја иницијатива ќе биде разгледан зашто треба сите да знаеме за колку се зголемуваат цените, а јасно е дека 20 години цените не се покачени. Во оваа Одлука не станува збор за зголемување на цените, туку за делумно усогласување со одредени трошоци. Од една страна не смееме да дозволиме АД „Водостопанство“ да пропаѓа во долгови и граѓаните да плаќаат за тоа, тоа треба да биде профитабилно, но од друга, не смеат да бидат доведени и земјоделците во состојба на некакво драстично поскапување во сред сезона. Ова е едно од прашањата кои ќе бидат покренати од моја страна за да ги дефинираме точните податоци и да утврдиме дали тоа ќе важи од сега или ќе се пролонгира и на кој начин ќе се обезбеди поддршка за АД „Водостопанство“, објасни Николовски.

Министерството за земјоделство, напомена, е во постојан контакт со земјоделците и подружницата во Овчеполе.

„И овој проблем со протокот на вода од браната Калиманци до Овчеполието и во Лозово е решен. Бевме максимално мобилизирани да помогнеме. Но, мора да се дефинираат проблемите кои се јавија во текот на викендот, дали се од нелегални приклучоци, од губитоци на вода, од неправилно користење или поради лош план“, дополни Николовски.

Вчера овчеполските земјоделци трет ден излегоа на блокади, а АД „Водостопанство“ го решаваше проблемот со кражби во Долни Балван.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ