Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
„Минималната површина под лозови насади е 0,2 хектари, а минималниот потребен број на садници е 1.389 сацници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2022 година. Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар за сите лозови насади“, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
МЗШВ ги потсетува земјоделците дека крајниот рок за поднесување апликации за субвенции е 30 јуни 2023.
Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб-страницата на Платежната агенција.