Бразил се залага за потпишување на договорот до крајот на месецот додека трае неговото претседателство со Г20. Меѓу заговорниците на договорот е Германија, најголемата економија на ЕУ, со оценка дека со договорот ќе се отворат нови пазари за извоз.
Од друга страна Франција, најголемиот земјоделски произведувач во ЕУ, се обидува да ги убеди другите членки на Унијата да се спротивстават на договорот.
„Франција не може и нема да го прифати овој договор под моменталните услови“, изјави францускиот премиер Мишел Барние по состанокот со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.
Земјоделците велат дека договорот со Меркосур, односно Бразил, Аргентина, Боливија, Парагвај и Уругвај ќе создаде нефер конкуренција за фармерите и произведувачите на храна во ЕУ бидејќи ќе се овозможи голем увоз на производи кои не се регулирани со истите строги правила со кои тие се соочуваат.
Околу стотина земјоделци се собраа пред седиштето на ЕУ, предупредувајќи дека договорот би бил лош за животната средина и социјалните права. Со договорот на ЕУ и Меркосур би се овозможил влез на дополнителни 99.000 тони говедско, 190.000 тони шеќер, 180.000 тони месо од живина, милион тони пченка, велат произведувачите.