сабота, 27 јули 2024

Земјоделците со трактори ги блокираа улиците на Брисел за време на самитот на ЕУ (ВИДЕО)

Земјоделците денес со трактори ги блокираа улиците и предизвикаа немири пред седиштето на Европската Унија во Белгија за време на самитот на Унијата, барајќи подобри цени за своите производи и помалку администрација која им ја попречува работата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите полицијата ја гаѓаа со петарди, јајца и пивски шишиња и палеа бали сено на улиците на Брисел, на што полицијата одговори со водени топови, а земјоделците ги спречи да соборат едно дрво на скалите на Европскиот парламент.

Земјоделците со денови блокираат автопати низ ЕУ, барајќи намалување на увозот на земјоделски производи надвор од ЕУ бидејќи им ги уриваат цените.

Земјоделците успеаја таа тема да ја уфрлат на дневниот ред на денешниот самит на ЕУ на кој требаше да се разгледува само договорот за финансиска помош од 50 милијарди евра за Украина, за што лидерите успеаја брзо да се договорат, но белгискиот премиер Александар де Кро кажа дека мора да се позанимаваат со барањата на земјоделците.

„Мораме да се увериме дека тие можат да ја добијат вистинската цена за производите од висок квалитет кои ги даваат. Исто така мораме да се погрижиме административниот товар кој го имаат да остане разумен“, кажа Де Кро, чија земја во првата половина од оваа година претседава со ЕУ.

Меѓутоа, не е јасно дали на состанокот на 27-те лидери ќе се изнесат какви било конкретни предлози.

Протестите на кои се главно млади земјоделци со семејства се одржуваат низ ЕУ, а во Грција денес пред Земјоделскиот саем во Солун.

Собирите се главно мирни, а француската полиција уапси 91 демонстрант кои во средата упаднаа на најголемиот европски пазар за храна на големо. Повеќето се пуштени, а истрагата ќе утврди колкава штета предизвикале, соопштија властите.

Покрај плановите на ЕУ објавени оваа недела, лидерите предложија и други начини за помош на земјоделците.

Некои денес кажаа дека нема да се одобри трговскиот договор со јужноамериканските земји кој се разгледува, освен ако увозот не ги исполните истите регулаторни стандарди со кои се соочуваат земјоделците во ЕУ што е клучното барање на тој сектор.

„Приоритет за нас треба да биде спроведување на постоечките правила и прописи, а не наметнување нови за земјоделците“, кажа ирскиот премиер Лео Варадкар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ