сабота, 27 јули 2024

Земан на 25-годишнината од влегувањето на Чешка во НАТО: Две грешки – бомбардирањето на СР Југославија и повлекувањето од Авганистан

Поранешниот претседател на Чешка Милош Земан оцени, по повод 25-годишнината од влегувањето на Чешка во НАТО, дека за тие четврт век Алијансата направила две грешки – тоа што ја бомбардираше СР Југославија и што „кукавички се повлече од Авганистан“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јавно кажав, нè измамија. Затоа што во НАТО ни тврдеа дека ќе бидат бомбардирани само воени цели. Но во реалноста, како што сигурно добро знаете, се бомбардираа и цивилни објекти и така беа однесени и цивилни жртви. Бевме последната земја која даде согласност“, кажа Земан за чешкиот весник Право.

Чешката влада и покрај притисокот од сојузниците тогаш одолговлекуваше со согласноста за бомбардирањето, а гласањето Земан, тогаш премиер, го ставил на дневен ред дури откако на седница на владата бил спречен да присуствува категоричниот противник на бомбардирањето, подоцнежниот чешки премиер Владимир Шпидла.

Земан во интервјуто кажа дека гласањето завршило како што завршило, а претходно согласноста за бомбардирањето, за кое се извини за време на својот втор мандат, го правдаше со тоа што „не би било нормално кога новајлијата меѓу сојузниците, Чешка, би ставил вето на таа одлука“.

„Повеќето во владата беа за. Признавам, и јас бев. Сепак, до последен момент се надевавме дека барем Грција ќе биде против, но за чудо и таму сите беа за“, кажа поранешниот чешки претседател.

Земан, како втора грешка на западниот воен пакт, го гледа повлекувањето на НАТО од Авганистан и препуштањето на власта на талибанците.

„Проблемот со НАТО е тоа што понекогаш се прави светски полицаец и тоа се виде во нападот на Југославија. Проблем е тоа што повремено не се однесува храбро. Тоа се виде со заминувањето од Авганистан. Проблем е и тоа што информациите на разузнавачките служби не се секогаш квалитетни. Како на пример податоците на ЦИА за оружјето за масовно уништување во Ирак“, заклучи Земан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ